| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески научници открија печатач што печати со вода место со мастило

Скапиот тонер за печатач може да биде заменет со вода, а хартијата да се користи повеќекратно, благодарение на откритието на кинески научници. Екипа хемичари од Универзитетот „Џилин“ во Кина разработиле иновативна технологија за многу поекономично печатење.
– Меѓународна статистика покажува дека околу 40 проценти од испечатените документи во канцеларија се фрлаат по едно читање – вели професор Џанг, кој го набљудува проектот. Тој работел во лабораториите на „Хјулит-Пакард“ во Калифорнија. За да заштедат трошоци за мастило и да го намалат сечењето дрва за да направат хартија, хемичарите ги обработуваат листовите со специјална смеса, која содржи пигменти. Нема потреба од нов печатач, а тонерот се заменува со вода. Течноста ги активира молекулите и се појавува отпечатокот, кој избледува по околу 22 часа на температура под 35 Целзиусеви степени. При повисока температура водата испарува побрзо и хартијата повторно е готова за користење. Создавачите на оваа технологија тврдат, дека таа е многу евтина и печатот е со добар квалитет. „Врз основа на 50-кратно печатење, расходите се само околу еден процент од вредноста на печатот со мастило, објаснува проф. Џанг. Обработката на хартијата со пигменти додава пет проценти на цената , но тоа зголемување се компензира многукратно со заштедените расходи за мастило. До сега екипата успеала да испринта кинески и англиски симболи и букви во сино, пурпурно-златесто и виолетова, додека претстои да ги комбинираат пигментите, за да добијат црвена боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top