| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески го претстави планот за скијачки центар на планината Галичица

galicicaСкијачки центар на планината Галичица би имал 15 километри скијачки патеки, би се наоѓал на атрактивна локација на Галичица, а до центарот би се стигнувало со жичница со гондоли што би поаѓала од близина на автокампот „Градиште“. Формиран тим што би работел на промоција на скијачкиот центар, како и тело што би ја следело реализација на проектот- посочи денеска градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

– Физибилити студијата покажа дека е изводливо да се изгради скијачки центар на Галичица. Беа посочени  неколку локации за изградба на скијачки патеки од кои се избра една. Потоа  се пристапи кон изработка на мастер-план што го изработува истата канадска фирма која согласно договорот истиот мора да го заврши до крајот на месец април годинава- додаде Бакрачески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top