Македонскиот игран филм „Девојчето со кибритчињата” во режија на Филип Матевски доби награда за најдобар краток филм на меѓународниот детски филмски фестивал „Чилдренс Индија“ кој се одржа од 20-ти до 24 јануари, соопшти денеска „Квазар филм“, чија е продукцијата.
Филмот е снимен според мотиви на истоимената приказна на Ханс Кристијан Андерсен, на локации во скопската чаршија. Премиерно беше прикажан во 2011 година на „Синедејс“ во Скопје и оттогаш е прикажан на 15 интернационални фестивали.
Сценариото го напишаа Филип Матевски и Ивана Нелковска, директор на фотографија е Душан Кардалевски, а продуцент Данко Димовски.
Улогите ги играат Диана Стојковска, Ненад Начев, Катарина Илиевска и Јана Стојановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.