| четврток, 6 декември 2018 |

Краткиот филм „Девојчето со ќибритчиња“ доби награда на фестивал во Индија

девојчето со ќибритчиња

Македонскиот игран филм „Девојчето со кибритчињата” во режија на Филип Матевски доби награда за најдобар краток филм на меѓународниот детски филмски фестивал „Чилдренс Индија“ кој се одржа од 20-ти до 24 јануари, соопшти денеска „Квазар филм“, чија е продукцијата.
Филмот е снимен според мотиви на истоимената приказна на Ханс Кристијан Андерсен, на локации во скопската чаршија.  Премиерно беше прикажан во 2011 година на „Синедејс“ во Скопје и оттогаш е прикажан на 15 интернационални фестивали.
Сценариото го напишаа Филип Матевски и Ивана Нелковска, директор на фотографија е Душан Кардалевски, а продуцент Данко Димовски.

Улогите ги играат Диана Стојковска, Ненад Начев, Катарина Илиевска и Јана Стојановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top