Состојбата со седумкратниот шампион на Форумила 1 е непроменета. Францускиот весник „Лекип“ од извори од болницата во Гренобл наведува дека докторите се решиле за будење бидејќи состојбата е непроменета веќе еден месец.
Од менаџерскиот тим на Шумахер не ја потврдуваат веста, но во следните неколку дена докторите ќе ја намалуваат дозата на седативите што го држат Германецот во предизвикана кома. Во првиот период ќе се работи со реакциите на движењата на очните капаци и на екстремитетите. Шумахер ќе се држи во летаргична состојба цели два месеца за да се види реакцијата на притисокот во мозокот, како и говорот и паметењето. По овој период Шумахер ќе треба целосно да се разбуди.
Во јавноста се споменуваат последците од тешката повреда здобиена на скијање при удар на главата во карпа. Можни се и трајни последици, кои ќе се одразат на паметењето, движењето и на говорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Се будите среде ноќ? Направете го ова и ќе заспиете повторно и лесно
-
Серена Вилијамс му пиша на македонскиот тенисер: „Луѓе како тебе ме инспирираат“