| четврток, 6 декември 2018 |

Обнова на возниот парк на железничкиот сообраќај после 40 години

zeleznica

Во име на пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поздравуваме и даваме максимална поддршка на склучувањето на договорот за набавка на нови 150 товарни вагони. Исто така ја поздравуваме и одлуката со која во месец март треба да се потпише договор за нови најсовремени 6 гарнитури за патнички возови од кои 4 дизел и 2 на електричен погон – изјави денеска Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија обновата во возниот парк на железничкиот сообраќај е и повеќе од потребна ако се земе во предвид дека низ Македонија се упатуваат стари и истрошени железнички возила кои до некаде не се ниту безбедни. Обнова на возниот парк на железничкиот сообраќај се прави првпат после 40 години.

-Првата пратка на нови и современи товарни вагони се очекува во месец јули додека останатите би требало да пристигнат до крајот на годината. Додека, најавениот договор за набавка на нови патнички возови ќе обезбеди патнички железнички сообраќај со капацитет од 1200 места. Како што најави премиерот Никола Груевски, со ова Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови железничкиот возен парк за 60%. Ова е прв пат досега една Влада да се реши на ваков чекор односно да ги замени старите и истрошени локомотиви и вагони со нови и современи. Железничкиот сообраќај во Република Македонија спаѓа во еден од најкористените во Република Македонија и за тоа оваа одлука е за поздравување. Оваа мерка е и повеќе од потребна за граѓаните на Република Македонија. Посебно, бенефит од новите локомотиви и вагони ќе видат граѓаните од внатрешноста на Македонија. Граѓаните на градовите како Велес, Прилеп, Битола, Кочани, Неготино, Гевгелија и други со новите вагони и локомотиви ќе можат побезбедно и побрзо да ги извршуваат своите обврски. Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се грижи за граѓаните на својата земја. Откако беа набавени нови автобуси за градскиот превоз сега се обновува и железичкиот возен парк. Ова се проекти кои долгорочно ќе влијаат на подобрување на возниот парк на сообраќајните претпријатија во Македонија. Возниот парк во железничкиот сообраќај се обновува после повеќе од 40 години. Повторно жалиме што СДСМ никако не може да покаже заинтересираност кога се во прашање проблеми од ваков тип и да излезе и кога веќе не може да ги оствари кога е на власт, редно е барем да ги поздрави. Не бараме СДСМ да ги поздрави овие проекти поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги реализира, туку бидејќи се од општ благодет за граѓаните на Република Македонија. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме овие крупни проекти и во секое време ќе ја охрабруваме Владата да продолжи да ги решава проблемите на граѓаните и успешно да ја води Република Македонија во иднина – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата прес-конференција може да ја погледнете на видеото од Република ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top