| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Каков е тој стан, каде е и како е опремен за Шекеринска да зема 5.315 евра кирија?

Радмила Шеќеринска пријавила во својот анкетен лист дека издава еден стан за годишна кирија од 3 911 641 денари. Преведено во евра тоа значи дека од издавање на само еден стан Радмила Шеќеринска годишно остварува приход од 63 811 евра или 5 317 евра месечно. Каков е тој стан кој во Скопје кој може да се издаде за 5 317 евра месечно? Го поставивме ова прашање и вчера, но не добивме одговор ниту од Радмила Шеќеринска, ниту од СДСМ – посочи ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тие сакаат да знаар како е возможно месечно да инкасира 5 317 евра од кирија за издавање на еден стан, каков е тој стан, каде се наоѓа, колкава површина е и како е опремен.

Ако госпоѓата Шеќеринска има одговор на главното прашање и на овие потпрашања добро е побрзо тој одговор да го даде и на јавноста и на својата партија. Ако пак нема одговор и ако нема документи кои може да ги приложи во врска со оваа мега афера во зародиш, тогаш ние од ВМРО-ДПМНЕ до неа имаме повеќе прашања – Прво, дали оваа цена е пазарна, знаејќи дека и најлускузните и најскапите станови во Скопје може да се изнајмат за не повеќе од 700 до 800 евра месечно. Кој е тој кој уплаќа во домашните приходи на Радмила Шеќеринска по 5 317 евра месечно? Дали имаат договор и на која сума плаќаат данок?  Второ, дали можеби вака напумпан и нереален приход од  5 317 евра за издавање на само еден стан е основ за сомнеж дека станува збор за сосема друг тип на приходи кои на овој начин се претставуваат за легални или пак можеби станува збор за веќе постојни пари кои Шеќеринска на овој начин ги легализира и постапно ги пријавува за приход на своето семејство?      Трето, колку вкупно средства има инкасирано семејството на Радмила Шеќеринска по овој основ? Дали го издавале станот една, две, три или повеќе години? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додааваат дека Шеќеринска во својот анкетен лист пријавила еден стан од 178 метри квадратни и уште неколку помали станови.

-Но и знаејќи го фактот дека таа живее во овој најголемиот од цели 178 метри квадратни, ја прашуваме за кој од овие остамати станови таа наплаќа 5 317 евра месечно Се надеваме дека овие наши прашања ќе бидат разбрани конструктивно и европски, како што милува Радмила Шеќеринска, бидејќи во Европа е недозволиво политичар да остварува толкав голем приход кој по здравата логика не е ниту пазарно основан, ниту пак реално возможен – додаваат од владејачката партија.

Целата прес-конференција може да ја погледнете на видеото од Република ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top