| четврток, 6 декември 2018 |

Романците во Премиерлигата, одлични фудбалери и големи мераклии за чашка алкохол (фото + видео)

Одличниот романски репрезентативец во Тотенхем, Влад Кирикеш се најде на насловните страници на медиумите во неговата земја, но и во Велика Британија, откако беше фатен од папараците како се влечка по под, во пијана состојба. На фотографиите е видливо дека Влад не може да држи рамнотежа, поради степенот на пијанството, а критиките се остри.

vlad-chiriches

Романците велат дека со овој инцидент Кирикеш само ја продолжува низата на фудбалери од нивната земја, што се посрамотија надвор од теренот, по кафулињата и дискотеките, откако направија трансфери во Премиерлигата во Англија. ја наведоа и низата на пијани фудбалери, што биле фатени „живи“ од фотообјективите на папараците.

Думитреску, Радучоју, Петреску, Попеску, Ганеа, Молдован, Муту и Тамаш, па на крај и Кирикеш се на „црната листа“, а за издвојување е случајот на Тамаш, некогашниот соиграч на Горан Попов во Вест Бромвич Албион. Откако се напил прекумерно и тоа во Букурешт, за време на паузата од клупските обврски, Габриел стаса пред влезната врата во зградата каде има стан и направи лом, не можејќи да чека да му отворат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top