Во Копенхаген денеска осум наши компании од текстилната индустрија ќе имаат средба со фирми од Северна Европа на која ќе ги презентираат своите производи и услуги.
На средбата, европските увозници ќе имаат можност да се запознаат и воспостават деловни партнерства со македонските текстилни компании: „Албатрос“, „Еуросолид“, „Виеми“, „Алекс“, „Верамонд“, „Алзама“, „Линеа“ и „АСМ“. Нивни претставници утре ќе го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген.
Средбите се во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (Invest in Macedonia) заедно со Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно трговско здружение на Македонија.
– Целта на деловните средби е презентација на македонските фирми пред европскиот пазар, воспоставување директни контакти и преговори со потенцијални купувачи, обезбедување корисни информации во однос на пазарните трендови, конкурентноста, технологијата и цените. Средбата ќе овозможи и подобро позиционирање на македонските фирми на меѓународните пазари – соопштуваат од Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Царовска молчи: Минималната плата во плико им се враќа на работодавачите, над 5000 текстилни работници ќе останат на улица
-
Седумнаесет македонски компании на саемот за храна во Москва
-
Остварено ветувањето: Живинарските компании ќе може да извезуваат јајца на европскиот пазар