Од ВМРО-ДПМНЕ ги поздравија активните мерки на Владата на Република Македонија преку оперативниот план, во кој се најавени вработувања на преку 4000 лица за 2014 година, и укажаа дека откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт невработеноста во Република Македонија е намалена за цели 10 проценти, и тоа нема да запре.
Преку овие мерки ќе продолжи трендот на намалување на невработеноста, односно Македонија, конечно, почна да се збогува со периодот во минатото во кој слушавме само за отпуштања од работа. Новите мерки што ги предложи Владата на Република Македонија, за кои се издвоени 525 милиони евра, ќе обезбедат нови 4000 вработувања, а со тоа и егзистенција на исто толку семејства.
– Среќни сме што денес, како преку овие мерки така и преку останатите илјадници отворени работни места, кои се резултат на директните странски инвестиции, многу граѓани денес работат и заработуваат за себе и за своите семејства – изјави пратеничката Светлана Јакимовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



