| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно се отвора клубот што е најпознат по своите тематски забави

Се разбуди мечката од зимскиот сон, велат од тимот на кумановскиот ноќен клуб „Лолипоп“, кои по еден месец пауза од петок почнуваат со нова агенда за забави.

В петок (31 јануари), музика во клубот, по препорака на мечката, ќе пушта лисицата, диџеј Тања со своите аренби и хипхоп-хитови, велат од клубот во својата шеговита најава. Забавата почнува на полноќ, а влезот е 100 денари. По Тања, истата вечер е уште една дама, диџеј Марга Сол, со своите познати миксови.

Журката продолжува в сабота, на први февруари. Со вокал во живо, гостуваат Симона Попоска и диџеј Ерик Фокс, заедно познати како „Саунд месинџерс“, едни од најбараните за клупски настапи кај нас. Стартот е на полноќ, со влез од 100 денари.

Традиционално, в недела (2 февруари), „Лолипоп“ ги чести сите гости со бесплатен влез и пијалак за добредојде, за нова успешна сезона. В недела на полноќ ќе се одржи караоке-шоу со диџеј Саше Морж и диџеј Аце, со омилените македонски и југословенски хитови. Клубот, кој стана познат по тематските вечери, најавува уште една серија забави од таков тип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top