| четврток, 6 декември 2018 |

Владата никому нема да му наштети – се чека анализата на Светска банка за Луково Поле

Gruevski-pred-kameri-1-520x408Премиерот Никола Груевски, вчера на новинарско прашање за проектот за хидроцентала „Луково Поле“ појасни дека се чека анализата нарачана од Светска банка, која е и финансиер на овој проект, која ќе покаже дали е исплатлива изградба на хидроцентрала и дали реализацијата ќе предзвика еколошки проблеми или штети на граѓаните што живеат во близина или на соседите.

– Сакам да одговорам на многуте обвинувања дека со овој проект некому или на нешто ќе се наштети, дека ќе се униши некој река, дека граѓаните од некое село ќе бидат оштетени, заборавени и нема да биде слушнат нивниот глас. Оваа влада никогаш не правела проекти со кои некому ќе направи штета. Најмалку на луѓето од Македонија, но и на соседите, се разбира. Овој проект е проект што го водиме заедно со Светска банка. Светска банка подготвува и еколошки проект, којшто треба да ги покаже предностите и евентуалните слабости. По овој проект ќе се донесе дефинитивната одлука. Се разбира, ако проектот покаже дека нема некои сериозни штети за животната средина за граѓаните, во таков случај одиме понатаму и проектот ќе го реализираме и обратно. Доколку има штета, за природата, граѓаните или за соседите, како прво Светската банка нема да го поддржи. Светската банка дава средства за овој проект. Тоа сакам да им порачам на луѓето кои живеат во тие краишта, дека оваа Влада никому нема да нанесе штета. Сакам да знаат дека ние стоиме за нив, а не оние шпекуланти кои сакаат од овој проект да извлечат некаква политичка корист и ги подбуцнуваат да веруваат дека со овој проект ќе им се направи некаква штета – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top