Македонската државна делегација, која во Индија учествува на интернационалниот Самит организиран од индиската Стопанска комора, оствари повеќе средби со претставници на индиската Влада.
На средбата со индискиот министер за индустрија и трговија Ананд Шарма е истакнато значењето на економската промоција на меѓународниот бизнис и развивањето на глобалната трговија.
Македонската делегација, во чиј состав се министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, министерот за информатичко општество Иво Ивановски и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, присуствуваа и на свечената вечера што ја организираше премиерот на државата Карнатака, Сидарамаиах.
На Интернационалниот самит во Индија присуствуваат над илјада компании од 24 држави. На самитот, како што беше најавено од Кабинетот на министерот Наумоф, ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



