Канадската фирма „ЕКОСИГН Маунтаин Ресорт Планерс“ заврши со изработка на студијата за оправданост за скијачкиот центар на Галичица и во април ќе се заврши мастер-планот од страна на истата фирма која е една од најдобрите во светот во својата област, објави порталот „Охрид 1“. Како што објавува овој портал, за околу две седмици ќе се објави и оглас за пројавување јавен интерес за концесии за скијачкиот центар, а по овој оглас, во мај или јуни, ќе биде објавен тендер за изградба на скијачкиот центар на Галичица.
Според „Охрид 1“, градоначалникот сѐ уште ништо не потврдува и се воздржува од давање изјави во медиумите, иако на својот профил на „Фејсбук“ веќе постира принт скринови од мобилен телефон на кои се гледа мапа од Национален парк „Галичица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.