| четврток, 6 декември 2018 |

Украинскиот премиер Азаров поднесе оставка

azarov

Украинскиот премиер Микола Азаров поднесе оставка, јави ИТАР-ТАСС повикувајќи се на прес-службата на Владата.

Вонредната седница на Парламентот, на која ќе се дискутира за уредувањето на политичката криза, е прекината и објавена е получасовна пауза заради утврдување на дневниот ред, соопшти претседателот на Парламентот, Володимир Рибак.

Тој претходно соопшти дека Парламентот денеска нема да дискутира за воведување вонредна состојба во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top