Внатрешните политички и социјални тензии, меѓународните состојби, но и прашањата поврзани со Македонија, Кипар и грчко-турските односи, влијаат врз економската состојба во Грција и во обидите таа да се надмине, посочи грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос по состанокот на Националниот совет за надворешна политика.
Сепак тоа што Венизелос го истакнува е дека тие прашања во преговорите за економска помош не била злоупотребена позицијата на земјата за притисок врз нив за овие прашања.
– Тоа што е важно и што се сите Грци мора да го слушнат, е тоа што, за среќа, и ова е многу, многу важно достигнување за нашата национална сувереност изминативе четири години на криза, и покрај нашите извршување тешки економски преговори од неповолна положба, ниту асиметричен ниту, пак, нефер притисок имало врз нас во однос на нашата надворешна, безбедносна или одбранбена политика. Ова е од голема важност за суштината на националниот суверенитет и националното достоинство- порача Венизелос.
Националниот совет за надворешна политика е релативно нов орган во Грција, кој, според Уставот, е дефиниран како институција за обликување на национална стратегија, национален консензус, за главните прашања на надворешната и безбедносната политика.
– Постојат политички и социјални тензии во земјата. Постојат акутни политички несогласување. Сепак, на средбата на Националниот совет постоеше клима на заедничка перцепција, сериозност и консензус во врска со тоа на каде да се движат стратегиските насоки и индивидуалната надворешна политика- оцени Венизелос, кој смета дека тоа е многу важно „бидејќи националното единство е тоа што може да овозможи да свртиме нова страница како држава“.
Тој ги информирал присутните за развојот на случувањата во последните неколку месеци, како и за стратегиските планови за главните меѓународни прашања, а потоа конкретно ги наведува кипарското прашање, прашањето за Скопје, за грчко-турските односи, ситуацијата на Блискиот Исток и во Северна Африка, ЕУ- руските односи, како и за грчко-американските односи.
– Сите овие прашања се поврзани со економската состојба на работите – порача Венизелос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


