| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос признава дека Македонија е тема во грчките преговори за излез од кризата

Evangelos Venizelos (1)Внатрешните политички и социјални тензии, меѓународните состојби, но и прашањата поврзани со Македонија, Кипар и грчко-турските односи, влијаат врз економската состојба во Грција и во обидите таа да се надмине, посочи грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос по состанокот на Националниот совет за надворешна политика.

Сепак тоа што Венизелос го истакнува е дека тие прашања во преговорите за економска помош не била злоупотребена позицијата на земјата за притисок врз нив за овие прашања.

– Тоа што е важно и што се сите Грци мора да го слушнат, е тоа што, за среќа, и ова е многу, многу важно достигнување за нашата национална сувереност изминативе четири години на криза, и покрај нашите извршување тешки економски преговори од неповолна положба, ниту асиметричен ниту, пак, нефер притисок имало врз нас во однос на нашата надворешна, безбедносна или одбранбена политика. Ова е од голема важност за суштината на националниот суверенитет и националното достоинство- порача Венизелос.

Националниот совет за надворешна политика е релативно нов орган во Грција, кој, според Уставот, е дефиниран како институција за обликување на национална стратегија, национален консензус, за главните прашања на надворешната и безбедносната политика.

– Постојат политички и социјални тензии во земјата. Постојат акутни политички несогласување. Сепак, на средбата на Националниот совет постоеше клима на заедничка перцепција, сериозност и консензус во врска со тоа на каде да се движат стратегиските насоки и индивидуалната надворешна политика- оцени Венизелос, кој смета дека тоа е многу важно „бидејќи националното единство е тоа што може да овозможи да свртиме нова страница како држава“.

Тој ги информирал присутните за развојот на случувањата во последните неколку месеци, како и за стратегиските планови за главните меѓународни прашања, а потоа конкретно ги наведува кипарското прашање, прашањето за Скопје, за грчко-турските односи, ситуацијата на Блискиот Исток и во Северна Африка, ЕУ- руските односи, како и за грчко-американските односи.

– Сите овие прашања се поврзани со економската состојба на работите – порача Венизелос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top