Лична карта при исплата на добивка во спортска обложувалница – на ова барање на обложувалниците реагираат многумина љубители на игрите на среќа. Прашуваат дали обложувалниците се овластени да бараат лични карти. Откако до нашата редакција пристигнаа повеќе вакви забелешки од наши читатели, одговор побаравме од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Оттаму велат дека спортските обложувалници се должни да достават лични податоци, вклучувајќи го и матичниот број на добитникот на повеќе од 5.000 денари до Министерството за финансии. За исполнување на оваа цел, спортската обложувалница го собира матичниот број на добитникот во моментот на исплатата на добивката, а не претходно.
Сепак, обложувалниците можат да побараат лична карта доколку се сомневаат во возраста на тој што уплаќа.
– Постои законска основа вработените во обложувалниците да проверуваат лична карта при уплата. Согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри, лица помлади од 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа, a приредувачот на играта на среќа, во случајот спортската обложувалница, е должна да го оневозможи учеството на лица помлади од 18 години во игрите на среќа. За оваа цел, вработените во спортските обложувалници имаат и право и обврска да вршат увид во документацијата со која се докажува возраста на лицата – додаваат од Дирекцијата.
Тие нагласуваат дека сите компании, па и спортските обложувалници имаат иста обврска кога станува збор за заштитата на личните податоци со кои доаѓаат во контакт при своето работење, а тоа е да исполнат стандарди за технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои вклучуваат и правила за тоа кој вработен може да ги гледа, внесува податоците, кој вработен има пристап до податоците.
– Дирекцијата за заштита на личните податоци, во рамки на своите надлежности, врши обуки на вработените кај заинтересираните компании и институции на кои се опфатени сите аспекти од примената на Законот за заштита на личните податоци – изјавуваат за „Република“ од Дирекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Еве кој не треба да чека К-15 оваа година…
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари
-
Нападнат вработен во обложувалница во Аеродром: Невозен обложувач фрлал по него со пенкала, со канта удирал во вратата