| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден за германски АРД: САД се занимаваат и со економска шпионажа (видео)

snowden-

Американскиот претседател, Барак Обама, се обиде да го контролира шпионскиот скандал околу НСА најавувајќи реформи во кои веќе нема да ги шпионира американските сојузници, најмногу Германија, како што открија документите на Едвард Сноуден. Но, во најновото интервју за германската телевизија АРД, што е негово прво телевизиско интервју откако тој е во Русија, се откриваат нови детали околу аферата со прислушувањето, кои ќе создадат дополнителни проблеми за администрацијата на Обама.

Во разговорот Сноуден истакнува дека НСА не се занимава само со прашањето за националната сигурност, туку и со нешто друго што може да ги загрижи и земјите кои се жртви на НСА програмата – индустриска шпионажа.

Интервјуто на Сноуден е направено во најголема тајност, на непозната локација во Русија.

– Нема сомнение дека САД се занимаваат со економска шпионажа. Ако некој индустриски гигант, како „Сименс“, на пример, има нешто што НСА верува дека е важно за националните интереси на САД, ќе тргне по таа информација и ќе ја презеде – изјави Сноуден.

Во 30-минутното интервју, тој нагласи дека лично веќе нема да објавува никакви докуметни, истакнувајќи дека ги предал на доверливи новинари и тие ќе одлучат што ќе прават со нив.

Анкетите говорат дека поради скандалот со прислушување на телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел, жителите на оваа земја ја загубија довербата во САД како партнер и поголемиот дел од нив сметаат дека Сноуден е херој.

– Добивам закани по мојот живот, но јас и натаму мирно спиијам, пред сѐ, благодарејќи на тоа што постапив исправно – изјави Сноуден во интерјуто за АРД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top