| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна келнерка води компанија вредна милијарда долари

Kat-Cole-3

Дека трудот и залагањето даваат плод покажува Кејт Кол, која од келнерка стаса до местото претседателка на компанијата „Синбон“ и тоа пред да наполни 35 години.

Кол работела за ланецот ресторани „Хутерс“ 15 години. Почнала како келнерка, за на крај да стигне до местото потпретседателка, пишува „Бизнис инсајдер“.

Денес е заслужна што производите на „Синбон“ може да се најдат на полиците на продавниците и во рестораните на брза храна како што е „Тако бел“, а компанијата оваа година од продажба ќе заработи милиони долари.

Кол имала 16 години кога почнала да работи за да и помогне на самохраната мајка да ги плати сметките, но не се откажала од школувањето, што ја донело до позицијата раководител. И покрај тоа, таа и понатаму е скромна. Со својот партнер живее во скромна куќа во Атланта, изградена во 1968 година, вози автомобил „Мерцедес“ стар девет години, а екранот на нејзиниот „ајфон“ е напукнат, пишува „Бизнис инсајдер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top