Брод на кој пловат само стаорци плови кон Велика Британија, предупредуваат експертите, но британската крајбрежна стража не ги потврдува овие наводи. Товарно-патничкиот брод „Љубов Орлова”, изграден во 1976 година за советски нарачател во британско бродоградилиште, бил напуштен во канадско пристаниште бидејќи сопствениците му должеле на екипажот. Властите во Њуфаундленд се обиделе да го продадат како старо железо на Доминиканската Република, но тога бродот во една бура се ослободил и оттогаш бесцелно плови во водите на северен Атлантик, пренесува во четвртокот британскиот весник The Independent.
Бродот до 1999 година бил во составот на Далкуисточните линии на патнички патувања до Сахалин, на Камчатка, по должина на брегот на Приморскиот регион и во Јапонија, по што е продаден на странска компанија, пишуваат руските медиуми. Во 2010 година бродот е запленет поради долгови, а во 2012 година бил повторно продаден на друга странска транспортна компанија. При една бура во Атлантикот попуштило јажето за врзување иод 24-ти јануари 2013 година 90-метарскиот брод лебди по океанот ло ПРи
Канадските власти објавија дека од тогаш бодот се наоѓа во меѓународните води и „повеќе не претставува закана за безбедноста на канадските нафтени инсталации, ниту за нивните вработени, а ниту за природната околина”.
Експертите сметаат дека на бродот најверојатно има стотици стаорци канибали коишто преживуваат јадејќи се меѓу себе.
Во март 2013 година двапати беа фатен сигнал од бродот па е заклучено дека изминал две третини од патот преку Атлантикот, како и дека плови кон исток. Подоцна е забележан неидентификуван објект со приближна големина крај шкотскиот брег, но пребарувањето со авиони не успеа да потврди за што станува збор.
Пим де Роодес, Белгиец кој се занимава со трагање по потонати богатства, е во потрага и по „Љубов Орлова”, за весникот The Sun вели дека „Таа е близу. Сигурно е полна со стаорци и тие се јада еден со друг. Доколку успеам да се качам на бродот, ќе морам сите да ги иструјам”.
Началникот на ирската крајбрежна стража Крис Рејнолдс изјавил дека тој стар брод веројатно и натаму претставува опасност. -Последните месеци имаше силни бури, но не е лесно да се потопи толкав брод. Мораме да бидеме претпазливи, предупредува.
Меѓутоа, британската крајбрежна стража не потврдува дека не ги потврдува пишувањата на медиумите дека бродот „Љубов Орлова” е блиску до брегот или веќе во британските територијални води.
-Не сме добиле никакви извештаи за бродот од април минатата година, но, доколку е забележан, ќе реагираме соодветно, одговорил портпаролот на британската агенција за поморска безбедност и крајбрежната стража.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.