Македонската Опера и Балет утре во 12 часот ќе одржи матине претстава за деца. „Доктор Офболи“ е најгледаната детска балетска претстава за минатата година и по тој повод добитничка на „Златна Буба Мара“ за 2013 г. Тоа е класична сказна за вечната борба помеѓу доброто и злото, во која на крајот, се разбира дека ќе победи ДОБРОТО. Изобилува со прекрасна музика, костими и сценографски елементи и децата ја следат со воодушевување. Кореографијата за оваа претстава на сцената на МОБ ја пренесе прославениот балет мајстор од Русија, Михаил Крапивин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.