Колку што се наближува почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, се повеќе се шпекулира колку пари ќе чинат игрите. Според најновите информации вкупниот обем на инвестиции во Олимпијадата изнесува околу 1,5 билиони рубљи, односно 32 милијарди евра.
Од државниот буџет за изградба на спортски објекти, како што истакнал министерот за финансии на Русија, Антон Сулуанов, се одвоени 100 милијарди рубљи или 2,1 милијарди евра и повеќе од 400 милијарди рубљи за развој на инфраструктурата на Сочи. Обемот на приватни инвестиции во инфраструктурата на градот достигнал 900 милијарди рубљи, а во спортски објекти 114 милијарди рубљи.
Инвестициите во развојот на Сочи обезбедиле раст на БДП на Русија во последните месеци.
“Изградивме одморалиште не само за Русија, туку и за цел свет“, објаснил потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович, во интервју за Блумберг, наведувајќи дека повеќе од 85 отсто од трошоците за Олимпијадата во Сочи, биле за инфраструктура.
Според Дворкович, вложувањето ќе се исплати преку користење на објектите во Сочи, по Олимпијадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.