| четврток, 6 декември 2018 |

Викендот почнува со снег

снег пелистерВикендот почнува со снег на поголем дел од планините во земјава и дожд на пониските места. Но, веќе околу пладне висинската граница на врнежи од снег ќе почне да се спушта. Така, снегот иако со слаб интензитет, ќе заврне на повеќе места во северниот дел од земјата. Снег ќе има во текот на доцна попладнето и вечерта и на повеќе места во југозападниот крај. Во текот на ноќта постои веројатност врнежите од слаб снег да се појават и во југоисточниот регион, прогнозира Метеопро.

Ветерот оваа сабота ќе биде северен, со умерена брзина. Дневниот температурен максимум ќе достигне вредност околу 5°С во котлините, а во југоисточниот крај околу 9°С. Во текот на денот температурата скоро секаде ќе биде во опаѓање во однос на утринската. На повисоките места во источниот крај максималната ќе достигне околу 3°С, а во западните до 1°С. Во текот на ноќта ќе имаме позначително заладување, и скоро секаде температура под 0°С, но само неколку степени под оваа граница.

Во Скопскиот регион ќе имаме облачно време, претпладне со слаб дожд, а попладне и вечер со слаби врнежи од снег. Утрото со минимални 5°С, ќе биде потопло од остатокот од денот. Температурата речиси целиот ден ќе има тренд на благо но константно опаѓање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top