| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов: Ако Савова го мисли тоа, да поднесе оставка од функцијата пратеник на СДСМ

На новинарско прашање за изјавата на Наташа Савова, која ја постираше на својот профил на „Фејсбук“ и Зоран Заев и Радмила Шекеринска ги нарече „канцер во СДСМ“, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов ѝ порача да си поднесе оставка од функцијата пратеник.

-Срамно е човек што е избран за пратеник од членови и од поддржувачи на СДСМ во време кога СДСМ ѝ задава сериозни удари на власта да ја напаѓа својата партија и така, всушност, да одработува за власта. Ако Савова ова го мисли, единствено решение е да си поднесе оставка од функцијата пратеник на СДСМ – рече Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top