| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан навивач на Јунајтед го барал Фергусон во полиција (видео)

Навивач на Манчестер јунајтед по елиминацијата на својот клуб од Сандерленд во полуфиналето од Лига купот, се јавил во полиција и побарал да разговара со поранешниот тренер Алекс Фергусон.

Навивачот бил во пијана состојба кога се јавил за да го добие сер Алекс Фергусон, а воедно и да пријави криминал, односно дека Манчестер јунајтед е криминалот.

– Изминатата ноќ, околу 22.30 часот, еден човек од Крампсал на северот на Манчестер во пијана состојба се јавил на бројот 999 и барал да разговара со Алекс Фергусон во врска со резултатот од натпреварот. Очигледно дека моментот кога го гледаш тимот да губи е тажен и депресивен, но мораме да потсетиме дека бројот 999 служи само за итни случаи, а за сѐ останато што не е итно можете да се јавите на бројот 101 – стои во соопштението на полицијата.

Инцидентот кој се случил во средата вечер не е првпат навивач да се јави во полиција во врска со Манчестер јунајтед. Минатата сезона еден навивач се јавил во полиција за да каже дека црвениот картон кој му бил доделен на Нани на натпреварот со Реал Мадрид е вистински злочин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top