Обединетата македонска дијаспора реагира по изјавата на грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, како и на српскиот премиер Ивица Дачиќ, за спорот за името и интеграциите на Република Македонија во Европската Унија, пренесе МИА.
Венизелос на заеднички настап со Дачиќ во Брисел изјави дека спорот за името не е пречка за преговорите за Македонија, туку тоа е недостигот на европски вредности и неисполнување на критериумите од Копенхаген од македонска страна.
– Тврдењето на Венизелос, во неговата нова улога како шеф на ротациското претседателство на Советот на Европската унија е неосновано, поради фактот дека Европската Комисија пет години по ред дава предлог до Советот да почнат преговорите со Македонија. На истиот ден на заедничката прес-конференција меѓу ЕУ и Србија, и Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент изгласа резолуција со која го повикува грчкото претседателство да преземе водечка улога за да се разреши билатералниот спор со Македонија и за Советот да одреди датум за почнување на преговорите за прием на Македонија. ОМД верува дека Грција треба да вложи напори за да ги прифати европските вредности кои наводно ги дели, и да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и ќе им обезбеди основни човечки права на македонското, турското и другите малцинства, и ќе стави крај на застараниот договор од Лозана – пишува во соопштението на Филип Алтипармаковски, директор за европски операции на Обединетата македонска дијаспора.
На заедничката прес-конференција во Брисел, српскиот премиер Ивица Дачиќ беше прашан дали би посредувал во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Грција, на што одговори дека би го сторил тоа ако е замолен од грчките ‘пријатели и браќа’. Од ОМД сметаат дека место да се фокусира на спорот за името, Србија би требала да се посвети на сопствените проблеми, како што е статусот на Косово и бесзкомпромисниот однос на Република Српска во Босна.
– Грција и Македонија треба да почнат директни разговори за да ги подобрат билатералните односи. Како гест на добра волја, Венизелос би требало да направи официјална посета на Македонија што е можно поскоро – смета Мето Колоски, претседател на ОМД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!


