| четврток, 6 декември 2018 |

Глупавото прашање што ја засрами новата тениска ѕвезда Бушар (видео)

Глупаво прашање, што предизвика многу полемики, па дури и обвинувања за „сексицизам“ ја дочека изненадената тинејџерка Еужени Бушар, на самиот терен во Мелбурн, веднаш по елиминацијата на Ана Ивановиќ.

„Имаш многу навивачи овде, а повеќето се машки. Тие прашуваат со кого би излегла на состанок. Прости ми, но ме замолија да те прашам“, беше прашањето на ТВ репортерката на „Канал 7“, Саманта Смит.

Засрамената Бушар, го покри лицето и по неколку секунди размислување, одговори со: Џастин Бибер.

Веднаш почнаа коментарите, грото од нив негативни и со голема доза на критика упатена кон Смит.

„Шокантно прашање за интервју на тениски терен и за ваков голем турнир каков што е Австралија опен. Ова е апсолутно непрофесионално и неприфатливо однесување на ТВ репортер“, пишуваат австралиските медиуми.

Бушар направи вистинска сензација во Мелбурн со пласманот во полуфиналето на гранслемот, а и предвидуваат блескава иднина. Атрактивната Канаѓанка има само 19 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top