| четврток, 6 декември 2018 |

Гром го погоди Христос во средниот прст

Славната статуа на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро ќе биде поправена откако два прста и врвот на главата беа оштетени во текот на неодамнешните бури, проследени со грмотевици.

Работниците одблиску ја испитаа оваа 38-метарска статуа на Христос и заклучија дека ќе бидат потребни четири месеци за поправки.

Статуата што се наоѓа на врвот од ридот Корковадо, од кој се нуди спектакуларен поглед на Рио де Жанеиро, ќе остане отворена за туристите.

Десниот палец на статуата е оштетен во текот на жестоката бура од минатата недела, а десниот среден прст и врвот на главата се оштетени минатиот месец.

Официјалните претставници најавија дека ќе стават повеќе громобрани на статуата за да се спречат натамошни оштетувања.

Статуата на Христос Спасителот е откриена во 1931 година, а во 2010 година беше подложена на реставрација вредна четири милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top