Можеби добива одлични коментари од жирито, но „чачанската бура“ Александра Брковиќ добива најлоши забелешки од продуцентите на шоуто „Икс-фактор“. Имено, младата кандидатка, заедно со нашиот претставник Фифи, се најрасположените учесници во шоуто кога станува збор за добра забава и лудување во ноќта до раните утрински часови, се разбира, со испиени чашка или две повеќе, пренесуваат српските медиуми.
– За разлика од другите натпреварувачи, Александра многу сака добра забава и не пропушта можност да излези во ноќен клуб. Таа е многу блиска со Фифи и двете нонстоп излегуваа заедно и се забавуваа до раните утрински часови. Покрај тоа, тие консумираат и алкохолни пијалаци, за што продукцијата многу им забележува! Александра знаеше да остане во град и до шест часот наутро, што е прифатливо затоа што е млада, но потоа има проблем бидејќи е ненаспана. Сепак, таа секогаш доаѓа на сите проби – изјавил за „Ало!” извор близок до младите натпреварувачи.
– Ние излегуваме само еднаш неделно, и тоа по настапите во живо, за да го прослававиме успехот.Фифи е најпозитивната личност и многу ми е криво што го напушта шоуто – изјавила Александра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.