| четврток, 6 декември 2018 |

„Мајкрософт“ наскоро ќе конструираат „паметен“ лифт

Лифт со вештачка интелигенција развива истражувачкиот оддел на „Мајкрософт“, кој ќе умее да “предвиди” на кој кат сака да оди корисникот, изјави за „Блумберг“ шефот на „Мајкрософт рисрч“ (Microsoft Research), Питер Ли.

Според зборовите на Ли, ” прогнозата ” на лифтот ќе се базира на проучување на однесувањето на потрошувачите во рамките на три месеци. Анализата ќе се врши со помош на збир на сензори, камери и микрофон. Така ” слушајќи ” ги разговорите на луѓето и анализирајќи го нивното однесување, системот може да погоди на кој кат да ве однесе. Лифтот е доволно паметен дека ако кажете на глас дека сакате да вечерате со колегата на вториот кат, тогаш следниот ден тој ќе запре на вториот кат, раскажува Ли.

Тој нагласува дека вештачката интелигенција е една од клучните насоки во работата на неговата поделба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top