Американскиот актер Вил Смит кој деновиве ужива во неделата на модата во Париз, воедно предизвикува и големо внимание меѓу посетителите, објави „Лидер“. За кратко Смит стана инстант ѕвезда на модната недела, пишуваат модните списанија
Покрај посетителите на ревиите, големо внимание предизвика кај француските фанови, кои го чекаа по една од ревиите. Насмеаниот Смит се обиде да се истурка низ фановите, а во еден миг обожавателите толку се истуркаа, што тој за малку ќе се најдеше доле на под. Но, со брза реакција на телохранителите актерот се смести безбедно во својот автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.