Хрватска вечерва во последното коло од групата 2 во директен дуел за второто место ја совладаа репрезентацијата на Полска со 31-28. На хрватите им беше доволен и нерешен резулат за да го задржат второто место на табелата кое води во полуфиналето. Тие таму ќе се сретнат со домаќинот Данска.
Хрватите лошо го започнаа мечот и му дозволија на противникот да поведе со три голови разлика. Сепак кон крајот на првиот дел Хрватска успеа да ја намали негативата на само еден гол. Во вториот дел фириозни 5 минути за Хрватска. со брзи контра напади успеаа да направат серија од пет голови и да го свртат резултатот во своја корист и да поведат со четири разлика која успешно ја сочуваа до крајот и заслужено да се радуваат.
Во последниот натпревар од групата 1 Данска покажа дека е главен фаворит за титулата и со шестата победа од исто толку натпревари успеа да влезе во полуфиналето. Денешната „жртва“ на данците беше Исланд кој загуби со високи девет голови разлика (32-23).
Во полуфиналето ќе се сретнат Данска – Хрватска и Шпанија – Франција. Овие четири репрезентации важеа и за главните фаворити за тронот уште пред почетокот на првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.