Во последното коло од групата 2 на ЕП во ракомет во Данска Шведска направи пријатно изненадување совладувајќи ја фаворизираната репрезентација на Франција со 30-28.
Во натпревар што ништо не одлучуваше бидејќи Франција е сигурна на првото место, Швеѓаните одиграа одлично второ полувреме и со серија од четири погодоци дојдоа до предност која ја сочуваа до истекот на 60 минути.
Франција влезе опуштено во натпреварот, но сепак го диктираше темпото во првиот дел. Селекторот на Фрацнија ги одмараше во поголемиот дел од натпреварот своите први ѕвезди. Најефикасен кај „галските петли“ беше Жоли со четири гола.
Кај швеѓаните се истакнаа Карлсон и Јакобсон со шест погодоци. Шведска и покрај денешната победа останува на четвртото место во групата 2. За втората позиција во оваа група ќе се борат Хрватска и Исланд во меѓусебниот дуел.
Во нашата група 1 Австрија беше подобра од Унгарија со минимални 25-24. И покрај победата Австрија ќе остане на шестото место зад Македонија бидејќи загуби бо меѓусебниот дуел.
Во групата 1 Данска е прво пласирана пред Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.