Нашиот најдобар кошаркар и капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ кој со успех настапува во најсилната лига во светот НБА, на својот фејсбук профил напиша свое видување за состојбите во ракометната репрезентација и изјавите на некои играчи во однос на натурализирање на играчи во составот.
– Да бидам и јас модерен, и мене Бо ми е крив што не направивме ништо на последното Европско во Словенија и јас сум против натурализирање играчи :)))) Еве како капитен тогашен да го посочам виновникот. (да знаете дека играв повреден на последните натпревари) – ова го напиша Перо Антиќ на својот фејсбук профил.
Подоле во коментарите Перо ја дополни мислата.
– ПОЕНТАТА: Во тимски спорт сите победуваме и сите губиме ЗАЕДНО!!! Затоа сме избрале ТИМСКИ спорт…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.