60-годишна прилепчанка е повредена во железничката несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минути се случи сред град, објави МТВ.
Патничкиот воз од Битола се приближувал кон железничката станица, го поминал преминот, кога машиновозачот, како што ни рече, ја забележал жената и се обидувал да закочи. Според машиновозачот, иако упорно свирел и сигнализирал, жената која се движела по пругата пред возот воопшто не реагирала на звучните сигнали. Патниците виделе само дека жената е отфрлена крај возот:
-Возот свиреше долго време, потоа запре и видовме дека жената беше падната долу. Беше отфрлена настрана. Возот навреме почна да кочи и да свири. Кога дојде до неа, застана, велат очевидци.
Од итната медицинска помош која стигнала за неколку минути велат дека жената е надвор од животна опасност.
-Се здобила со полесни повреди, но сепак ќе биде задржана во хируршкото одделение на натамошно испитување. Жената е на возраст од 60 години. Живее на улица „Дабнички завој“ број 41. Се работи за Фатиме Алиоска, вели Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош.
Според Обвинителството, засега жената не давала сериозни одговори зошто се движела по пругата, стотина метри по обележаниот премин. Присебноста на машиновозачот и го спасил животот. Железничкиот сообраќај на релацијата Битола-Прилеп беше во прекин неколку часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун