| четврток, 6 декември 2018 |

Директорите на „Гугл“ градат приватен аеродром во Сан Хозе

Трoјцата директори во „Гугл“: Лари Пејџ, Сергеј Брин и Ерик Шмид застануваат зад сопствен проект за градење приватен аеродром. Всушност, станува збор за нов терминал на меѓународниот аеродром во Сан Хосе, САД. Проектот се простира на површина од над 29 акри и од упатените е проценет на 82 милиони долари. Станува збор за лични финансии на директорите, а не за пари на компанијата, така што уште е рано да се тврди, дека ова е проект на „Гугл“. За приватниот аеродром се зборува од минатата година, но изградбата ќе започне во февруари. Терминалот би требало да биде завршен во 2015-та година и според некои информации ќе го користат не само „Гугл“, туку и други фирми од силиконската долина. Новиот терминал на аеродромот во Сан Хосе ќе вклучва и хангар, во кој ќе можат да се сместат до седум авиони Боинг 737, со тоа што пет од местата ќе бидат резервирани за „Гугл“. Специјалистите прогнозираат , дека по изградбата на терминалот,тој ќе се претвори во најголемата приватна инфраструктура во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top