| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува економскиот форум во Давос, жени сѐ помалку

12049125046_9639bca0d0_z

Да се најде жена на собирот на светската елила во Давос станува сѐ потешко, јавуваат американските медиуми.

Меѓу 2.500 учесници на Светскиот економски форум од 100 земји, се наоѓаат политичари, стопанственици, добитници на Нобелови награди, верски великодостојници, претставници на синдикати и невладини организации. Но, само 15 отсто се жени. Лани беа 17 отсто.

Организаторите велат дека тоа, едноставно е реалноста на денешниот свет. На Форумот се доаѓа само со покана, а тие пак се делат врс основа на функцијата. На пример, секогаш се поканува претседателот на Универзитетот во Харвард, а на таа позиција моментно се наоѓа жена. Кога луѓето на функциите ќе се сменат, тогаш ќе се смени и демографијата во Давос.

– Ние сме само одраз на тоа како изгледа светот, а не како би сакале да изгледа – вели портпаролот на Форумот во Давос.

Тој нагласува дека организаторите би сакале на нивниот собир да има рамноправност на половите, но додава дека рацете им се врзани, бидејќи на собирот мора да ги повикаат најмоќните и највлијателните луѓе во светот. Во САД, на пример, во Управните одбори седат само 16,9 отсто жени, а помалку од пет отсто се жени кои се на водечки позиции.

Оваа година на собирот во Давос, кој почнува денеска ќе се разговара за судирот во Сирија, климатските промени и сѐ поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните, како и за кризата во Украина. Собирот трае до 25 јануари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top