Сопругата на рускиот милијардер Роман Абрамович, Даша Жукова, е обвинета за расизам откако за магазинот „Буро 24/7“ се фотографираше како седи на столче во форма на црна манекенка.
Столчето изгледа навистина реално, а откако уредничка на магазинот, Мирослава Дума, ја постави фотографијата на „Инстаграм“, и таа е обвинета за расизам.
Откако на социјалните мрежи се насобрале негативни коментари, Мирослава ја тргнала фотографијата.
И организации за заштита на правата на жените во Русија јавно ги критикувале Жукова и магазинот наведувајќи дека фотографијата е понижување за целиот женски род.
За работата да биде уште полоша, фотографијата е објавена на Денот на Мартин Лутер Кинг, кој се борел за расната еднаквост во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.