| четврток, 6 декември 2018 |

ОП на Австралија: Ивановиќ загуби од Бушар, Бердих прв полуфиналист

Српската тенисерка Ана Ивановиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако утринава загуби од Канаѓанката Ежени Бушар со 2-1 по сетови 5-7, 7-5, 6-2.

Ова беше нивни втор дуел, а Бушар и минатата година ја совлада Ивановиќ во второто коло на Вимблдон.

Ивановиќ пред два дена направи големо изненадување со тоа што ја победи првата носителка на турнирот Американката Серена Вилијамс со 2-1 во сетови.

Бушар во полуфиналето ќе игра со Кинеската На Ли, која ја совлада италијанската тенисерка Флавија Пенета.

berd

Чехот Томаж Бердих стана првиот полуфиналист на првенството откако во Мелбурн го совлада Шпанецот Давид Ферер со 3-1, по сетови 6-1, 6-4, 2-6, 6-4.

Противник на Бердих во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Станислав Вавринка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top