| четврток, 6 декември 2018 |

Двојна среќа: Петар Рупески и денеска го фати бурето во Охридско Езеро

24-годишниот Петар Рупески и денеска е најсреќен. Во ладната вода и силните бранови предизвикани од ветрот прв успеа да стигне до наградното буре со вино, објави „Охрид нет“. Годинава се фрлаа десет буриња, пет за младите и пет за ветераните.

bure-vino-1

Во трката на ветераните највешт и најсреќен беше професорот по физичко образование Владко Димитров. Охриѓани горди остануваат достојни на традицијата редовно секоја година го одбележуваат Денот на рибарите.

krst-vodici-naslovna

Петар е дел од тајфата Варошани кои вкупно осуманесет години го вадат Чесниот крст од водите на Охридско Езеро:  Митко Топенчаров светиот крст го извадил петпати, Јован Бабачев  скока од дете, светиот крст го извадил пет пати,  Јован Рилкоски најмладиот фаќач на крстот, првпат го фатил кога имал 14 години, потоа среќата го служела четири пати, Драган Наумов светиот крст успеал да го извади еднаш, Јован Делов крстот го фатил исто еднаш и овогодинешниот фаќач на крстот Петар Рупески, кој крстот го фаќа по втор пат, а денеска и бурето со вино.

Tрадиционално како и секоја година крстот од Варош тргнува токму од домот на Митко Топенчаров. Тајфата која го фаќа крстот традицијата ја продолжува со црковната празнична песна „Во Јордание“…. и греана ракија, а потоа крстот патува до сите христијански домови каде што се бакнува за бериќет, здравје и среќа.

фото: „Охрид нет“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top