Најновата лоша вест од Данска е дека капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров вчера го пропуштил последниот тренинг откако се пожалил на повреда. Најдобриот стрелец на првенството не тренирал затоа што чувствувал болка во ципите.
Оваа повреда Кире ја имал од претходно, а затоа и го пропушти мечот со Шпанија во квалификациите. Сепак, сѐ уште постои надеж дека попладне ќе стисне заби и ќе одигра најдобро што знае против незгодниот Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.