| четврток, 6 декември 2018 |

Велко Маркоски и Ојлевски ќе настапат на дуелот со Исланд

euro_2014_rakomet

Велко Маркоски и Гоце Ојлевски ќе насташат на утрешниот дуел со Исланд, на ракометното Европско првенство (ЕП) кое е во тек во Данска. Селекторот Ивица Обрван информираше дека се повредени, но повредите се санирани и тие ќе настапат на мечот од втората фаза на шампионатот.

Обрван на пресот по средбата со Унгарија информираше за повредите на Гоце Ојлески и Велко Марковски. Првичната информација беше дека Марковски се пожалил на болка во грбот и имаше сомнеж дека има хематом, по што лекарите не му дозволиле да го одигра второто полувреме. Ојлески незгодно го свитка зглобот и по само неколку минути на терен беше заменет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top