| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Албанија против проектот „Луково поле“

Lukovo pole akumulacija viz01

Во организација на албанската  „Алијанса против девијација на реките“ денеска во пограничниот град Пешкопеја и во Тирана, беа одржани протести против проектот „Луково Поле“.

И на едниот и на другиот протест присуствувале претставници на граѓански асоцијации, при што е побарано албанската влада да не го прифаќа македонскиот проект за реализација на проектот „Луково Поле“, со кој се зафаќаат дел од водите на реката Радика, за изградба на хидроцентрала, јави МИА.

– Сите Албанци треба да протестираат против ова одлука на македонската влада, порачал на протестот во Тирана поетот Агим Дочи.

На протестот е побарано да се почитува барањето на жителите на Дебар, кои сметаат дека проектот е катастрофален за биодиверзитетот на целиот регион.

Слични барања се искажани и на протестот во Пешкопеја, на 23 километри оддалечен од Дебар, а на кој присуствувале и претставници на локалната власт и граѓански организации од Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top