
ВМРО-ДПМНЕ денеска на сите верници им го честиташе големиот христијански празник Богојавление Христово – Водици.
– Светлината на големиот празник треба да ни го осветли патот и да не научи да живееме заедно, заедно да се радуваме на успесите и заедно да работиме за нашата благосостојба. Само така ќе ја постигнеме заедничката цел, напредок на нашата Македонија. Денешниот ден нека донесе радост, топлина мир и спокој во секој дом. Во името на денот да се потсетиме на христијанските вредности на љубов, хуманост и благосостојба кон нашите ближни. Денешниот ден нека биде радост за секој од нас и нека не води по патот кон личниот успех и среќа. Ако сме сите заедно сплотени и чекориме по правиот пат, тоа ќе биде успех за државата, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


