
Кристоф Најдовски е роден во Париз,а неговите родители имаат македонско потекло. Денес тој е кандидат за градоначалник на Париз, каде ја предводи листата на партијата на Зелените, објави Дојче Веле.
Тој е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во Западна Европа, кој е со потекло од Македонија.
-Можеби јас сум првиот политичар, тоа ми дава извесна гордост, но и извесна одговорност кон земјата од каде потекнувам – Македонија. Тоа ми дозволува да им порачам на оние кои се во дијаспората и се со потекло од родители кои емигрирале во други земји дека можат да се интересираат за јавниот и политичкиот живот во градот и земјата во која сега живеат, со што можат да го подобрат животот на луѓето. Ова е и смислата на моето ангажирање во Париз, вели за Дојче веле, Кристоф Најдовски.
Во политиката, која не е негова професија, како што вели влегол „преку екологијата“, сакајќи да биде „актер, а не гледач“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


