Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици во Охрид.
Одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление -Водици има исклучително значење за Охрид и христијанските верници. Одбележувањето на Празникот Богојавление во Охрид е едно од најголемите одбележувања на верски настан и на Балканот, со тоа потврдувајќи го називот на Охрид како балкански Ерусалим.
Одбележувањето на големиот празник започна во петокот, а главното случување е денеска со осветување на езерските води и фрлање на Чесниот Крст во езерото во 10 часот од бродот „Александрија“.
Се очекува овој свет чин да го проследат над 20 000 посетители од земјава и странство, претставници од дипломатскиот кор, владини делегации како и новинари од земјава и соседството, а над илада луѓе се пријавени за капење во Охридското Езеро.
Празнувањата ќе завршат во понеделник, 20 јануари- Денот на рибарите, со пригодната програма која започнува точно напладне кај месноста Сараиште и групното капење во езерските води закажано за 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


