Перу, Чиле и Боливија се соочуваат со катастрофи предизвикани од невреме и поројни дождови кои траат подолг период и до сега ги загрозија животите на над 50 илјади луѓе.
Во Перу се известува за најмалку 6 жртви, илјадници останаа без струја и вода, додека 9 илјади семејства во Боливија беа зафатени со поплавите. 4 милиони Чилеанци кои живеат во Сантјаго се оставени без вода за пиење заради лизгање на земјиштето кај главниот извор, додека и двете реки од кои „пие“ градот се контаминирани.
Оваа состојба трае подолго време. Минатата недела незапаметен дожд ја зафати и пустината Атакама во Чиле, едно од најсушните места на планетава. Државата пред 3 недели исто остана без вода заради загадување предизвикано од невремето. Според националната метеоролошка служба, за 7 часа наврнал дожд еднаков на 3 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.