Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 Целзусови степени.
Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 Целзиусови степени.
Поизразена нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, ќе има од четврток до сабота кога локално се можни и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.