| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид победи со 5 спрема 0

madrid-betisФудбалерите на Реал Мадрид триумфираа со 5:0 на гостувањето кај Бетис. Без поголеми проблеми тимот на Карло Анчелоти стигна до трите бода и бодовно се изедначи со Барселона и Реал Мадрид.

Со фантастичниот погодок на Кристијано Роналдо во 10. минута, кралскиот клуб ја најави „петардата“, а Герет Бејл постигна одличен гол од слободен удар во 25. минута.

До крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Карим Бензема, благодарение на соло акцијата на Лука Модриќ.

Во второто полувреме нов прекрасен погодок, овој пат на Ди Марија од околу 30 метри, за во финишот на мечот Алваро Мората да ги постави конечните 5:0.

На Бетис му претстои грчевита борба за опстанок, бидејќи е закован на последното место на табелата во Примера со само 11 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top